Дан Аксел – Загаду, францускиот интернационалец во Борусија Дортмунд, во иднина ќе игра за репрезентацијата на Брегот на слоновата коска.

Загаду е стандарден играч на тимот од Дортмунд, меѓутоа и самиот е свесен дека тешко ќе дојде до дресот на Франција, кој го носеше во младинските селекции. Таму конкуренцијата е голема, па затоа се реши да игра за друга репрезентација.

Загаду е роден во Франција, но има потекло од БСК.