Поранешниот француски репрезентативец Жереми Матје зборуваше за своите настапи за Барселона од 2014 и 2017 година и направи комапрација на тоа што нему му се случило во последната сезона во дресот на каталонскиот клуб и она што сега му се случува на неговиот сонародник Клемен Ленгле на Ноу Камп.

Матје од Барса отиде во Спортинг и таму ја заврши кариерата поради сериозна повреда на коленото, а моментално неговата судбина ја доживува Ленгле кој е често обвинуван поради лошите резултати на екипата посочувајќи го неговиот последен кикс против Кадиз во првенството.

Последната година во Барселона ќе ја паметам по лошо, ми беше многу тешко. Имав чувство дека јас бев виновен за се, за секој пораз. Сите ја бараа вината во мене по поразот во Торино од Јувентус во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Не знам зошто сакаа да ме „убијат“, во фудбалот играат 11 играчи и не може да биде виновен само еден кога губиш 3:0. Се чувствував сам во соблекувалната, никој не ме поддржуваше. Toa ли е фудбал?

Сега Ленгле е виновен за се. Добро знам како му е. Мора да остане позитивен и да се обиде да направи пресврт, се надевам дека ќе му успее. Во последната година, не зборував со Луис Енрике ниту еднаш. Мене во кариерата ми требаше некој да ме поддржи, да ме утеши, да ми даде позитивен сигнал, мисла… Во Спортинг го добивав тоа, во Барселона никогаш“, изјави Матје во интервју за „Радио Каталуња 1“.