Она што се најавуваше и се оствари. Имено Шкупи последните два меча од вториот круг како домаќин ќе ги одигра на еден од терените на Фудбалската федерација во Скопје. Чаирчани побараа, а ФФМ им дозволи, и се поради фактот дека реконструкцијата на Чаир се уште не е готова, да го користи стадионот на Фудбалската федерација.

Ова значи дека Шкупи во недела (28.02) со Академија Пандев и наредната недела (07.03) со Работнички, во мечевите од 20. и 22. коло ќе ги игра на ФФМ. Да потсетиме дека чаирчани, кои воедно се и аспиранти за титулата, дуелот од 21. коло во среда (03.03) ќе го одиграат во Кратово со Силекс.