Некогашниот играч на Лацио, Луис Педро Каванда, инаку белгиски интернационалец се најде во центарот на вниманието на јавноста во земјите од балканов. Имено, тој пристигна пред неколку дена во Косово, и потпиша договор со тимот на Трепча. Се било во ред, се додека луѓето од клубот не го однеле во клупските простории, стадионот, и соблекувалните, а откако видел со каква инфраструктура располага клубот, веднаш заминал. Не останал ниту час повеќе на Косово, туку веднаш се качил на авион и заминал.

„Им реков на моите соработници дека се плашам дека Каванда ќе би избега. И тоа и се случи. Не е навикнат очигледно да биде дел од ваква фудбалска средина“ – изјави претседателот на клубот.

Инаку Каванда веќе пронашол клуб во Кина.