Какво понижување за Златан Ибрахимовиќ по поразот од Интер со 0:3 во градското дерби. Имено тој вчера беше стопиран на сред улица од една ТВ екипа, која во живо му го врачи трофејот “Златен Тапир“. Тој трофеј медиумите во Италија му го доделуваат на оној играч кој ќе разочара на еден важен меч. Овојпат овој трофеј отиде во рацете на Ибра, кој според видеото и не се потресол премногу.

Беше тешко во неделата, направивме многу грешки, но брзо ќе се вратиме во старата форма. На следниот меч ќе го понесам тапирот со мене, можеби ќе ми донесе среќа“ истакнал насмеаниот Ибра.