Одличен меч во Стејплс центарот во кој Лос Анџелес Лејкерс успеаа да прокоцкаат огромна предност во мечот со Вашингтон Визардс, па и овозможија на Јута дополнително да се одлепи на врвот на Западната конференција. Лејкерси загубија со 124:127 и тоа по продолжението.
Некако го „преживеаа“ регуларниот дел, успеаа да обезбедат продолжение, но таму не успеаа да го решат мечот во своја корист. Лејкерс во првата четвртина имаа и +17, меѓутоа Вашингтон се врати и дури направи сериозна предност во еден момент 102:94.

Во поразениот состав најдобри беа Џејмс 31 поен (13 асистенции и девет скокови), Харел 26, Поуп 21…
Кај победничката екипа Вестбрук заврши со 32 поени, 14 скокови и 9 асистенции, Бредли Бил уфрли поен помалку.

Јута го победи Шарлот со 132:110. Лидерот на Западот имаше фантастична шутерска вечер. Џезерите уфрлија дури 28 тројки (од 55 обиди) што е нов рекорд на франшизата, односно една тројка помалку од рекордот во лигата кој го постави Милвоки минатата година. Инаку ова е 21 победа на Јута во последните 23 натпревари.

Дури четири играчи на домашниот тим уфрлија 20+ поени, а тоа се Мичел 23, Инглс и Нијанг по 21, Кларксон 20.

РЕЗУЛТАТИ
Хјустон – Чикаго              100:120

Далас – Мемфис              102:92

Оклахома – Мајами       94:108

Финикс – Портланд        132:100

Јута – Шарлот   132:110

ЛА Лејкерс – Вашингтон              124:127 по прод.