Навистина неверојатни сцени вчера на натпреварот меѓу Јавор и Нови Пазар од Супер-лигата во Србија. И тоа се случи при резултат 1:0 за домашните кога на гостите им беше поништен гол. И се тоа “благодарение“ на гостинскиот фудбалер Немања Драгутиновиќ кој постигна гол за Нови Пазар , но уште додека топката одеше кон голот на домашните судијата го поништил, веројатно поради фаул во напад.

Следуваше вистински хаос и вистинска тепачка во која учестуваа фудбалерите, но и многу други лица, од двата клуба. Само што се смири малку ситуација следуваше нова, по еден фауил блиску до резервните клупи уште еднаш дојде до хаос на теренот во Ивањица.

Да кажеме дека на крајот мечот заврши со победа на Јавор од 1:0.