Разврската во двете европски елитни клупски натпреварувања, е во полн ек. Во преден план се мечевите од Лигата на шампионите, како поквалитетни, но возбудувањата, квалитетот и секако квантитетот, нема да изостанат ниту во Лига Европа.

Атлетико и Челси ќе се судрат во Мадрид, во првиот дуел од 1/8 финалниот двомеч во елиминациската фаза во Лигата на шампионите, на Арена Спорт 1 во вторник од 21:00 часот. Во истиот термин, но на вториот канал на Арена Спорт ТВ, битка ќе водат Лацио и Баерн Минхен, во Рим.

Во среда, во рамките на шампионската лига играат Борусија и Манчестер Сити, од 21:00 часот на Арена Спорт 1, термин во кој ќе се сретнат и Аталанта и Реал Мадрид. Во Лига Европа се соочуваат Тотенхем и Волфсбергер, исто така на Арена Спорт 1, од 18:00 часот.

На Арена Спорт 3, од 18:45 македонскиот шампион Вардар му гостува на Елверум, во рамките на мечевите во ракометната Лига на шампиони. Веднаш по нив, низ пренос ќе може да ги гледате Цеље и Барселона, од 20:45 часот на истиот канал.

На љубителите на кошарката, од 01:30 часот, увертира во спортскиот ден ќе им дадат Далас Маверикс и Бостон Селтикс, со меѓусебната пресметка во НБА лигата.

Четврток е ден за седење дома, со далечинското в рака, пред екраните на кои не би требало да се гледа ништо друго, освен понудата на Арена Спорт ТВ.

Почнувајќи од 06:00 часот кога ќе се соочат Јута Џез и ЛА Лејкерс во НБА лигата, преку дуелите Хофенхајм – Молде од 18:55 часот и Милан – Црвена звезда од 21:00 часот, на Арена Спорт 1. На вториот канал, од 18:55 часот играат Арсенал и Бенфика, а од 21:00 часот се среќаваат Манчестер Јунајтед и Реал Сосиедад, во рамките на мечевите од 1/16 финалето во Лига Европа.

На Арена Спорт 3, истиот ден од 18:55 часот играат Ренџерс и Антверп во рамките на дуелите во Лига Европа, а од 21:00 часот се среќаваат Динамо и Краснодар. На Арена Спорт 4 каналот, Наполи на Ељиф Елмас игра против Гранада од 18:55 часот, а од 21:00 часот ќе се пресметаат Рома и Брага.