По неуспехот во квалификациите за пласман на Евробаскетот означи дека македонската кошаркарска репрезентација ќе мора да почне од претквалификациите за СП 2023 што ќе се игра во Јапонија, Индонезија и Филипини.

Македонија ќе стартува од втората рунда во која се најдоа 12 репрезентации, а конкуренти ни се Австрија, Белорусија, Данска, Исланд, Летонија, Црна Гора, Португалија, Романија, Словачка, Шведска и Швајцарија.

Овие селекции ќе бидат поделени во четири групи со по три репрезентации, а двете првопласирани ќе им се приклучат на 24 репрезентации од Евробаскетот што ќе играат во квалификацискиот циклус за СП 2023.