Планетарно популарниот „Нетфликс“ сними најнов документарен филм за легендарниот Пеле во кој има екслклузивни снимки за состојбата на веќе осумдесетгодишниот бразилски фудбалски великан.

Изненадувачки по хируршките интервенции кои последниот период биле направени врз него, Пеле речиси и да е неподвижен. Се движи исклучиво со помагала, инвалидска количка, и е речиси недостапен за јавноста.

Најавите за документарниот филм се дека Пеле издвојува некои детали од неговиот живот и кариера, кои досега не биле познати за јавноста и дека вреди да се погледне.