Тимот на Пелистер денеска и официјално го промовираше Принц Апонсах за најново засилување. Битолчани подолг период се обидуваа да го доведат, и да ги средат сите потребни документи за тој да пристигне, и еве конечно интернационалецот од Африка може да биде претставен во новиот клуб.
„Многу сум среќен што сум тука. Сакам напаѓачки фудбал, играм на офанзивните позиции. Задоволен сум што дојдов во Пелистер, сакам да им покажам на фановите и на тимот што можам. Не знам многу за екипата, но имав време додека да дојдам во Македонија, па на Интернет гледав натпревари на Пелистер. Луѓето во клубот се љубезни, исто и соиграчите. Задоволен сум што сум тука“ – изјави новиот фудбалер на Пелистер.