Македонскиот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 го официјализира потписот на договорот со интернационалецот од Босна и Херцеговина, Павле Петровиќ. Овој 21-годишен десен бек се обврза на договор со клубот од Битола до крајот на сезоната, а ќе дебитира в среда на натпреварот од Купот на Македонија против Јехона. Петровиќ во Македонија доаѓа од тимот Локомотива Брчко од БиХ.

„Дојдов во Битола од БиХ, играв за Локомотива од Брчко и мислам дека ова ми е вистински чекор во кариерата. Многу ми се допаѓа атмосферата во клубот и начинот како се работи, како се игра и задоволен сум од тренерот и прифаќањето од страна на играчите. Ми се допаѓа и опкружувањето и градот. Добро се игра, добро се тренира и екипата е добра. Се бориме и се бодриме и мислам дека во следните еден-два месеци добро ќе се вклопам во новиот тим“, изјави 21-годишниот ракометар.