Ова се случило во албанската втора лига на мечот меѓу Албпетроли и Малиќи на „Алуш Нога“ стадионот. Мечот почнал мирно, се било како што треба се до 75 минута кога се настанале тензии на теренот поради непокажан пенал за Албпетроли, пренесува „Панорама спорт“. Додека играчите му се нафрлиле на судијата да протестираат за одлуката, судијата им покажал четири црвени картони, а меѓу исклучените бил и тренерот.

Еден од исклучените толку се изнервирал што го грабнал црвениот картон на судијата и му го искинал. По неколку минутна тензичност, страстите се смириле Албпетроли останал со осум фудбалери во поле.
Малиќи победиле со 1:0.