И дефинитивно се знае дека Драган Стојковиќ – Пикси, некогашна фудбалска легенда на Ц. Звезда и екс СФРЈ е нов селектор на репрезентацијата на Србија. Од него се очекуваа селекцијата на таа земја, под негово водство, конечно да ги искаже сите свои неспорни квалитети.

За тоа какви промени може да се очекува од него, свој коментар има Дејан Савичевиќ уште една фудбалска величина од овие простори.

Ако некој може да ги стави во ред репрезентативците на Србија, тоа секкао дека е Пикси. Тој е човекот кој ќе го пробуди патриотизмот во репрезентацијата. Уверен дека сум дека кај Пикси играчите нема да дојдат во Белград само да ги посетуваат сплавовите, да уживаат во ноќниот живот и нема да ги посетуваат своите љубовници, туку со своите мисли ќе бидат кон репрезентацијата. Исто кај Пикси нема да има притисоци од типот – овој играч е на овој менаџер и мора затоа да игра“ вели покрај другото за медиумите во Србија, Дејан Савичевиќ.