Тотенхем знае кого го сака за нов тренер на екипата, откако Жозе Мурињо се наоѓа на „удар“ поради слабите резултати на тимот во последно време. Тимот од првата позиција, падна доле, и во ситуација да се бори за излез во Лигата на Европа.

Наводно Тотенхем сака на клупата да го донесе Јулијан Нагелсман, но има проблем со Мурињо. Од него бара да поднесе оставка, и да ги прости оние пари од отштетата, или барем дел од нив. За потсетување, ако добие отказ, Мурињо ќе инкариса од Тотенхем околу 40 милиони евра.

Тоа претставува проблем за лондонскиот тим, а веројатно Португалецот нема да се согласи ниту на едното, ниту на другото, па така Тотенхем во скоро време ќе нема нов тренер.