Кошаркарската репрезентација на Македонија не успеа да се пласира на Европскиот шампионат. Не собравме доволно бодови, но добивме драгоцено искуство кај младите играчи. Пред се кај Ненад Димитријевиќ во кој дефинитивно добиваме лидер на националниот тим за следната деценија.

Неговата тројка од половина терен против Италија на полувремето, е прогласен за трет најдобар потег на целите квалификации. И не само тој потег, Нено воодушеви со својата рутина, квалитет и капацитет, што може само да не радува.