Кошаркарскиот клуб Работнички регистрираше уште тројца нови играчи за продолжението на сезонава, а новаци во екипата од Градски парк се Рајнер Торнтон, Мирко Мулалиќ и Филип Бундовиќ.

Торнтон е Американец и поранешен играч на Мемфис Хасл. Мулалиќ е словенечки кошаркар кој кариерата ја почнал во Унион Олимпија, а играл за клубови како Крка, Приморка, Балкан, а минатата сезона во Цедевита.

Бундовиќ е Хрват, висок 202 сантиметри и е поранешен играч на Цедевита, Шибеник, Приштина и Зрињски.