Европската куќа на фудбалот, официјално објави дека се откажани континенталните шампионати до 19. години закажани за следното лето. И во машка и во женска конкуренција.

Машката верзија требаше да се одржи  од 30 јуни до 13 јули во Романија, а додека оној во женска конкуренција во Белорусија, почнувајќи од 21 јули. 

Сето ова нормално се случува поради сеуште нерешливата ситуација со пандемијата од коронавирус, и рестрикциите односно карантин периодите кои се важечки во поедини држави од стариот континент.