Дури ни кога не  е дозволено да има публика на стадионот на Црвена Звезда и нејзините меѓународни мечеви, УЕФА има работа со појави кои не се достојни за еден спортски натпревар.

Тоа во Белград се случувало често, клубот не ретко бил казнуван, а овојпат европската куќа на фудбалот детално ќе го истражува инцидентот со навредите упатени кон Златан Ибрахимовиќ за време на гостувањето на Милан.

Светската јавност е запознаена со истите, сите ги видовме видеата, и навредите кои доаѓаа од ложата на „Рајко Митиќ“, а ќе видиме што од тоа УЕФА ќе докаже и ќе подготви како доказ наспроти организаторот на мечот, домаќинот Црвена Звезда. Многу е веројатно дека ќе следува казна.