Фиорентина интензивно преговара со Маурицио Сари за да ја превземе екипата по крајот на сезоната. Сегашниот тренер Џезаре Прандели ќе ја води екипата до крајот на сезоната, а Сари би требало да биде нов предводник на „виолетовите“ од идната сезона.

Сари е без работа откако доби отказ од Јувентус.

На Фиорентина во моментов не и „цветаат рози“ и се наоѓа во долниот дел на табелата. Поранешниот тренер на Наполи, Челзи и Јувентус пред неколку дена кажа дека чека да се врати во Наполи. Но, од таму нема најави за смена на Гатузо, кој исто така е пред отказ.