Како што тоа беше случај за прволигашите, пред стартот на пролетниот дел, Фудбалската федерација на Македонија одлучи да ги плати сите ковид – тестови и за второлигашките клубови. Познато е дека претстојниот викенд стартуваат Вторите лиги во источната и западната конуренција и тоа со одигрување на првото пролетно или 17.коло во тековниот шампионат.

Тоа значи дека фудбалерите, тренерите и дел од раководствата на сите 20 клубови, овие денови, ќе бидат подвргнати на тестови, кои ќе бидат платени од касата на Фудбалската федерација на Македонија.