Мора да се одбележи овој гол во белгискиот шампионат кој падна на мечот меѓу Генк и Бершот, а го реализираше играчот на гостинската екипа Јан Ван ден Берг. Во 64 минута, дефанзивецот го отвори резултатот со неверојатен гол од огромна далечина, а шоуто го „зачини“ со интересна прослава – имитирајќи црв. Причината за ваквото славење не ни е позната, но сепак го обиколи светот, а до крајот неговиот тим постигна уште еден гол и го доби мечот со 2:1.