Аргентинскиот претседател Алберто Фернандез го изнајмил приватниот авион на Лео Меси, за да може да отпатува во Мексико, каде ќе се прославува 200-годишнината од независноста на Мексико, пишува „Марка“.

Според изворот, авионот е избран затоа што ги исполнува сите медицински услови за спречување на Ковид-19. Четиридневен закуп на авионот на Меси за лет до Мексико ја чини Аргентина 160.000 долари. Меси го купи леталото, кое се проценува на 15 милиони долари во 2018 година од САД. Авионот е трајно лоциран на аеродромот во родниот град на Меси, Розарио.