Дури сега се гледа зошто Баерн Минхен пред неколку месеци се откажал од идејата со Давид Алаба, еден од најдобрите фудбалери на “баварците“ да не потпише нов договор. И најпосле после јуни да може слободно да си оди каде што сака.

Сега репрезентативецот на Австрија е трансферна цел на Реал Мадрид, ПСЖ, Барселона, но како тргнал со поставување на условите, кои се фантастични за играч од негов ранг, тешко дека некој клуб толку ќе “загризи“ за него.

Прво цената е проблем. Алаба преку својот менаџер Пини Захави, бара чисти 20 милиони евра по сезона, секако дека тука не се сметаат разните бонуси, премии и слично. Во таа сума да не влезе и данокот кој што играчот треба да го плати. Вториот значаен услов е Алаба да игра само во средниот ред, никако во дефанзивата.

Тој услов е уште поголем проблем од парите. Имено сите клубови кои го посакуваат Австрецот го гледаат како стопер.