Рафаел Бенитез најверојатно ќе го превзеде Селтик, откако овој клуб остана без тренер по отказот на Нил Ленон.

60-годишниот играч е без работа, откако се реши да го напушти тимот на Далиан од Кина.

Последен тим на Рафа во Европа беше Њукасл, а во минатото ги водеше Ливерпул, Валенсија, Интер, Наполи, Челзи, Реал Мадрид.

Ако прифати да биде дел од Селтик, ќе биде интересно да се види како ќе помине ривалството со тренерот на Ренџерс, Стивен Џерард, кој беше капитен на Ливерпул додека Бенитез беше тренер на тимот.

Исто така има најави од Англија дека би можел да се врати и во Њукасл, што е помала веројатноста.