Спортистите ќе бидат охрабрени да се вакцинираат пред Олимписките игри во Токио, но вакцинацијата нема да биде задолжителна. Ова го изјави потпретседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Џон Коутс.

Пред еден месец, првиот човек на ИОК, Томас Бах, рече дека олимписките комитети во нивните земји ќе ја координираат вакцинацијата на спортистите, но дека не е во ред спортистите да ја примат вакцината преку ред.

„Вакцинацијата нема да биде задолжителна, не можеме да го направиме тоа. Но, ние сигурно ќе ги охрабриме спортистите да се вакцинираат. ИОК има договор со Светската здравствена организација за дистрибуција на вакцини“ , рече Коутс во Бризбејн во четвртокот.