Црвена Звезда и Милан одиграа 2:2 на првиот меч од осминафиналето во Лига Европа, а вечерва се одигра реваншот на „Сан Сиро“. Српскиот шампион имаше одлична можност да ги шокира „Росонерите“ кои почнаа да паѓаат во формата.
Фудбалерите на Дејан Станковиќ одиграа одлично меѓутоа со резултат 1:1 кој не ги однесе во следната рунда.

Во седмата минута пенал за Милан. По шутот на Круниќ, топката го погоди Гобељиќ во раката и судијата покажа на 11 метри. Френк Кеси сигурен од белата точка за 1:0 за Милан. Во 19 минута Бен погоди по корнерот и големата гужва на пет метри, меѓутоа претходно топката го удрила Панков во раката и судијата по консултација со ВАР собата го поништи голот.

Само три минути подоцна Бен ја погоди пречката со шут од 18 метри. Но одбраната на Милан падна во 24 минута. Бен подобар од Ромањоли во дуелот и ја тресе мрежата на Донарума за 1:1.

Во 66 минута неверојатна шанса за Звезда, по прекинот Саного шутира, а Донарума спаси на гол-линијата, во продолжение Гобељиќ промаши зицер. Веќе во наредната минута шок за „црвено-белите“. Гобељиќ е исклучен и Звезда има играч помалку.

До крајот резултатот не се смени и Звезда ги заврши настапите иако не загуби во двата меча. Милан имаше два гола во Белград и токму тие го однесоа во наредната рунда.