Австралиецот Лејтон Хјуит, кој во својата близу дваесетгодишна кариера освои две грен-слем титули, е избран денеска за нов член на „Куќата на славни тенисери“.

Хјуит (40), беше активен во професионалниот тенис 18 години, освојувајќи, притоа, 30 титули на АТП турнирите, а триумфираше и на Ју Ес Опен во 2001 и на Вимблдон во 2002 година.

Покрај него, во „Куќата на славни тениски имиња“ годинава влегоа и тенисерките од движењето „Original 9“, кое се бори против нееднаквиот третман и разликите во наградните фондови меѓу тенисерите и тенисерките.

Деветте тенисерки се Американките Пичис Барткович, Рози Касалс, Џули Хелдман, Били Џин Кинг, Кристи Пиџон и Ненси Ричи, како и Австралијките Џуди Тегарт Далтон и Кели Мелвил Рид.