Унгарски Веспрем лесно и убедливо го совлада Загреб во рамките на Лигата на шампионите и тоа во гости со резултат 28:35. Загрепчани го загубија 12-тиот натпревар во елитната европска лига, а вечерва мечот го одбележа и минута молчење поради смртта на Златко Сарачевиќ кој играше и за Загреб и за Веспрем во кариерата.
Дејан Манасков играше за Веспрем на овој меч и реализираше еден погодок.

Веспрем стигна до 9-тата победа и е на второто место во групата Б каде што лидер е Барселона.