Играчот на Горица, и моментално прв „бомбардер“ во хрватскиот шампионат Кристијан Ловриќ, тргнува по стапките на Аријан Адеми.

Откако е јасно дека тешко ќе заигра за Хрватска, Ловриќ веројатно во иднина ќе го носи дресот на селекцијата на БиХ. Имено, таткото на Ловриќ бил од оваа земја, а тој ги потврди информациите дека има некои разговори во иднина да настапува за БиХ.

Тој има еден повик за националниот тим на „коцкестите“, но без ниту еден настап.

„Да, точно е, има некои разговори да го облечам дресот на БИХ. Но ќе видиме што ќе се случува во иднина“, вели Ловриќ кој има 25 години, а летоска беше пред трансфер во Динамо Киев.

И Аријан Адеми имаше повик за Хрватска. Но, во 2014 година откако не се најде на списокот на земјата во која е роден за Мундијалот во Бразил, се реши да игра за Македонија.