Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа на гостински терен ја совладаа Аталанта со 0:1.

Многу реакции предизвика арбитражата на судијата, откако црвен картон доби Ремо Фројлер од домашниот тим. Аталанта реагираше дека немало потреба од исклучување многу рано од мечот.

А, на спротивната страна Каземиро доби жолт картон, а потоа требаше да добие и втор, но судијата му прости.

Но, да биде нервозата на Аталанта поголема, Реал Мадрид планира да поднесе жалба за жолтиот картон на Каземиро, со цел да игра на реваншот. Тој со добиената јавна опомена, нема да може да игра на реваншот во Мадрид.