Тренерот на Вардар 1961, Стевче Алушовски за утрепното гостување кај екипата на Мотор, во рамките на СЕХА лигата покрај другото истакна.

По оние два меча со Елверум во Лигата на Шампионите морам да кажам дека Вардар е исцрпен. Имаме сосема малку време да се подготвиме за гостувањето во Украина. Прво патуваме за Истанбул каде ќе преспиеме, а потоа патуваме за Запорожје. Таму ќе одработиме едне тренинг. Мотор е квалитетен тим, игра брз, модерен ракомет, со многу трчање и транзиција. За разлика од лани сега имаа нов тренер, неколку нови ракометари. Според мене за нас најважно е како ќе се справиме со Маласинскас, кој е “главниот“ во противничката екипа. Не сме без шанси, ќе дадеме се од нас за добар резултат“ вели Алушовски.