Бројот на лица заразени со КОВИД-19 во екипата на Торино се искачи на 8 откако уште еден фудбалер е позитивен на последното тестирање.

Клубот официјално објави дека денешниот тренинг на тимот е откажан.

Откако натпреварот со Сасуоло беше одложен, под сериозен ризик е ставен и мечот со Лацио. Натпреварот е првично закажан за 2 март, но ќе биде одложен во наредниве денови.