Вардарци утре во Украина, во меч од 3.коло во СЕХА лигата му гостуваат на Мотор, тим од Запорожје. Ова ќе биде трет меч од оваа лига, со што ќе стават крај на месецот кој беше доста напорен за вардарци.

Гоце Георгиевски, десното крило на Вардар има свое видување за утрешниот дуел во Запорожје.

“Во овој период одигравме многу натпревари, тешко беше за нас, но тешко е и за другите екипи. Гостуваме кај сериозен противник. Знаеме како играат, а играат навистина добро сезонава во Лигата на Шампионите. Имаат квалитетна екипа, многу трчаат и постигнуваат многу голови. Мора добро да се подготвиме за овој натпревар, секоја победа нас ни носи дополнителна самодоверба. Се надевам на добар резултат“, изјави Георгиевски.