Денвер Нагетс доживеа пораз од 110:112 против еден од полошите тимови на Истокот Вашингтон Визардс и тоа во финишот на мечот. Во меч со многу пресврти и резултатска неизвесност Визардс беа поснаодливи во последните моменти. Денвер имаа шанса со тројка да победат но Кампацо во последната секунда промаши.

На Денвер не му помогна ни одличниот ефект на Никола Јокиќ од 24 поени, 11 скокови и седум асистенции за 38 минути на теренот, како и на Џамал Мареј кој даде 34 поени. Во победничкиот тим Бредли Бил уфрли 33 поени, а Хачимура му се придружи со 20 поени, додека Расел Вестбрук оствари „трипл-дабл“ со 16 поени и по 10 скокови и асистенции.

Денвер е осми во Западната конференција со скор 17-15, Вашингтон е 12-ти на Истокот со скор 12-18.

Во другите натпревари

Филаделфија – Далас   111:97
Бруклин – Орландо       129:92
Њујорк Никс – Сакраменто        140:121
Мемфис – Л.А. Клиперс               122:94
Денвер – Вашингтон     110:112
Милвоки – Њу Орлеанс               129:125