Ракометниот клуб Порто реши да го повлече бројот еден од употреба, по трагично починатиот голман на тимот Алфредо Квинтана.

Светот е во шок, откако искусниот голман денеска почина по неколкудневен престој во болница и под третман на интензивна нега по мозочниот и срцевиот удар кои ги доживеа пред неколку дена на тренинг. Квинтана не успеа да се опорави, и за жал почина, а неговиот клуб Порто реши на овој начин да му оддаде почит.