Европската ракометна федерација одлучи на единствен начин да го реши проблемот со неодиграните, заостанати мечеви од Лигата на Шампионите, односно Лигата на Европа.

Да ги регистрира со службени резултати од 10:0. Три екипи се наши претставници на меѓународна сцена во моментов, а тоа се Вардар, Металург и Е.Пелистер и сите три екипи се дел од овие службени решени натпревари.

Вардар има најмногу неодиграни натпревари и најмногу ќе профитира, затоа што добива службена победа над Флензбург. Драгоцени се оние 10-0 против Флензбург за меч што требаше да го игра во Германија.
Но, од четирите бода во игра за двата неодиграни меча со ПСЖ. Вардар ќе добие само еден бод.
Еден меч е регистриран со победа на ПСЖ.

Резултати:
ПСЖ – Вардар 5-5 (по еден бод за двата тима)
Вардар – ПСЖ  0-10
Флензбург – Вардар 0-10
Е. Пелистер – РНЛ 10-0
Металург – Тулуз 10-0

Што се однесува пак до тимот на Е.Пелистер, на битолчани им се доделува службена победа над Ранј Некар Ловен, што секако е голем плус со оглед на фактот што германците во моментов се супер силен тим и на терен тоа би излгедало за невозможна речиси мисија.