Денеска во европската куќа на фудбалот во Нион со ждрепка беа одредени двојките за осминафиналните мечеви во второто по ранг европско клупско натпреварување, Лигата на Европа на УЕФА.

Најинтересниот дуел ќе го гледаме меѓу екипите на Манчестер Јунајтед и Милан. Првиот дуел ќе се одигра на „Олд Трафорд“, додека реваншот ќе биде во Милано.

Динамо (З) на Адеми и Стефан Ристовски исто така доби голем предизвик во екипата на Тотенхем. Мурињо со лондонскиот тим прво ќе гостува во Загреб, а потоа ќе го дочека реваншот на домашен терен.

Во останатите дуели ќе се сретнат:

Првите дуели од оваа осминафинална серија се закажани на 11 март, додека реваншите се на 18 март. Времето на почетокот останува како и досега. Еден дел од мечевите ќе се играат од 18:55 часот, втората серија од 21:00 часот.