Денеска со почеток од 13 часот ќе биде извршена ждрепката за осминафиналето на Лига Европа. 16-те победници од претходната рунда се најдоа во осминафиналето каде што за разлика од претходно ќе нема ограничувања што значи дека и екипи од иста држава можат да играат меѓу себе.

Па така можни се дуели меѓу лондонските лути ривали Арсенал и Тотенхем или помеѓу украинските гиганти Динамо Киев и Шахтјор Доњецк или пак италијански дуел помеѓу Милан и Рома…

Првите натпревари се закажани за 11 март, додека реваншите се седум дена подоцна. Ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето ќе биде на 19 март.

Учесници во ждрепката:

МИЛАН (ИТА)
РОМА (ИТА)
АЈАКС (ХОЛ)
АРСЕНАЛ (АНГ)
ТОТЕНХЕМ (АНГ)
МАН.ЈУНАЈТЕД (АНГ)
ДИНАМО ЗАГРЕБ (ХРВ)
ГРАНАДА (ШПА)
ВИЉАРЕАЛ (ШПА)
МОЛДЕ (НОР)
ОЛИМПИЈАКОС (ГРЦ)
РЕНЏЕРС (ШКО)
ШАХТЈОР (УКР)
ДИНАМО КИЕВ (УКР)
СЛАВИЈА ПРАГА (ЧЕШ)
ЈАНГ БОЈС (ШВА)