Карате потег на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед Виктор Линделеф на мечот со Сосиедад во Лига Европа на „Олд Трафорд“. Во една ситуација и мешаница пред голот на противникот Линделеф со колено го удри во лице напаѓачот на Сосиедад Џон Баутиста. Во продолжение на акцијата Туанзебе постигна гол кој беше поништен со ВАР токму поради овој „камиказа“ потег на шведскиот дефанзивец. Резултатот остана 0:0.