Милан буквално се протна во осминафиналето на Лига Европа откако без победа, но благодарение на повеќе голови во гости ја елиминира Црвена Звезда. Тренерот Стефано Пиоли вели дека „Росонерите“ почнале да попуштаат, но мора бргу да го сменат начинот на игра.

Тимот можеби е млад, меѓутоа ментално е зрел. Очигледно е дека не сме во најдобар период. Многуте победи ни дадоа енергија и самодоверба, па сега тие елементи недостасуваат. Штета што не успеваме да ја контролираме играта, да бидеме попрецизни во додавањата и во изборот. Важно е што се пласиравме во следната рунда, па сега ќе работиме да ги поправиме тие недостатоци“, изјави Пиоли.

Сезоната се уште не е завршена. Се уште можеме да направиме позитивни работи. Триумф во Лига Европа и место во ЛШ наредната сезона. Знам дека не играме течно и убаво како претходно, меѓутоа верувам дека ќе го надминеме овој лош период. Верувам дека момците ќе успеат да се кренат и да го оттргнат притисокот кој им се наметна после одличните партии на почетокот на сезоната и првото место на табелата“, додава тренерот на Милан.