И дефинитивно фудбалот во Европа се менува. УЕФА ја прифати идејата од сезоната 2024/25 место класичната Лига на Шампиони да има Супер Лига на Шампиони, се со цел и натаму под “своја капа“ да ги држи најголемите најбогати клубови.

Ќе има доста новости, допрва ќе се разгледуваат модалитетите. Инаку уште отсега се шпекулира со тоа каде ќе се одигра првото финале во Супер Лигата на Шампионите, кое е планирано за во мај 2025 година.

Има некои најави дека тоа ќе се одржи далеку од европскиот континент, и тоа во САД во Њујорк, на стадионот “Метлајф“ каде своите натпревари ги играат Џајантси и Џетси, кој е со капацитет од повеќе од 80.000 седишта.

Се разбира дека ова се само најави, шпекулации, но факт е дека УЕФА одамна сака да има поблиска врска со САД, сепак таму се парите а Њујорк е најспектакуларниот град во светот.