Динамо се пласира во осминафиналето на Лига Европа, а македонскиот бек Стефан Ристовски не може да поверува дека со загрепскиот клуб ќе игра меѓу шеснаесетте најдобри на стариот континент. Ристовски во зимскиот преоден рок дојде во Динамо од Спортинг каде што беше зациментиран на клупата. Сега ја покажува желбата за фудбал, борбеноста и што е најважно неговиот тим бележи успеси.

Ова е награда за целата екипа, напорно работевме, а за мене ова е премија. Не очекував дека после бурниот период во Спортинг ќе дојдам во Динамо и ќе го доживеам ова. Пласман во осминафиналето на Лига Европа. Му благодарам на тимот што се погрижи да се чувствувам како дома“, изјави Ристовски за „Спорт арена“.

Игравме добро, на време дадовме гол и го завршивме мечот како што треба“, заклучи македонскиот репрезентативец.