Ц. Звезда синоќа за малку не успеа да дојде до чудо, до сензација. Одигра 1:1 на “Сан Сиро“ со Милан и со вкупни 3:3 е елиминирана од Лигата на Европа. Малку судијата, малку немањето среќа и глупоста на Гобељиќ беа причините за тоа, но сепак тренерот Дејан Станковиќ беше горд на своите момци.

Тој после мечот во прес – зоната додека се чекаше на изјавите срдечно се поздрави со Златан Ибрахимовиќ, звездата на Милан. За време на натпреварот беа лути ривали, но после него останаа добри пријатели.

Нивното пријателство датира уште од времето кога и двајцата играа во шампионскиот тим на Интер.

Деки за Ибра го кажа и следното:

Тој ми е како брат“….