Голманот на Порто, Алфредо Квинтана, почина денеска на клиниката на која беше сместен по кардиоваскуларниот застој. Веста ја официјализираше Порто на социјалните мрежи.

„Пораката што никогаш не помислувавме да ја споделиме: Нашиот драг Алфредо Квинтана замина денес. Ќе остане запаметен засекогаш како еден наш. Вистински змеј. Почивај во мир, Квинтана!”, напишаа од Порто.