Дејвид Бекам го постигна еден од најлегендарните голови во Премиер лигата. Поранешниот англиски репрезентативец во 1996 година тогаш како играч на Манчестер Јунајтед ја зема топката и тргна во напад, но од половина терен шутна и го совлада голманот на Вимблдон.

Идентичен гол падна во мексиканската лига на мечот Атлетико Сан Луис против Тигрес. Фудбалерот на Атлетико Хуан Диего Карлос исто како Бекам, тргна во напад и некаде од средината на теренот шутна со сета сила и го погоди голот на противникот. Инаку мечот заврши 2:2.