Стевче Алушовски имаше што да им каже на своите избраници за време на еден тајм-аут на натпреварот со Мотов во рамките од СЕХА Лигата.

Тренерот на Вардар видно лут ги „караше“ своите ракометари при резултат 13:5.

„Што е ова бе момци? Што играте!? Гаџа, што играш ти таму? Која акција ја играш таму? Што од тоа што се договоривме играш?“, рече видно нервозниот Алушовски.

Сепак, ништо не се промени до крајот на мечот, и Вардар го загуби мечот со седум разлика.