Одличен меч денеска се одигра во Бундеслигата, на дербито меѓу Лајпциг и Менхенгладбах. Гостите водеа 0:2 на полувремето, и имаа голема доминација. Хофман и Турам донесоа 0:2 за тимот на Борусија.

И кога се чинеше дека се блиску до победа, Лајпциг најпрво успеа да израмни со два гола. Нкунку и Пулсен за само девет минути успеаја да донесат „симетрија“. Во финишот, односно во судиското надополнување, Сорлот погоди и донесе голема радост за Лајпциг, победа со која остана во трка за титулата со „Баварците“.