Антонио Конте добро ја предводи екипата на Интер оваа сезона. „Нероаѕурите“ го држат првото место на табелата во Серија А и е на добар пат сезонава да ја прекинат 10-годишната суша без „Скудето“.

Конте знае да биде незгоден тренер, често и без „влакна“ на јазикот и знае да каже се и сешто па и не биде омилен кај многу колеги.

Кога луѓето зборуваат за мене, секогаш го кажуваат оној збор „меѓутоа“. Тој е добар тренер, меѓутоа… Е токму тој збор „меѓутоа“ ме инспирира, ме стимулира“, изави Конте за Кориере Дела Сера.

Конте како тренер почна во Арецо, па продолжи во Бари, Аталанта, Сиена, па Јувентус па две години беше селектор на Италија, две сезони помина во Челзи, па од 2019 е во Интер.

Како фудбалер освоив се што може да се освои. Но како тренер тргнав од ништо. Оние кои играат во големи клубови мислат дека можат да бидат тренери, но не е така. Противникот се обидува да го притисне Конте за да биде избркан од Интер. Но и Конте возвраќа, Конте сака да го ’убие’ непријателот, во спортска смисла, се разбира. Јас сум спремен благодарение на моите искуства.
Искрено, ме советуваа да не одам во Интер, но јас сакам предизвици, а ова е едно од најтешките во мојата кариера. Јас кога одам во некој клуб, давам се од себе и душата и умот. Јас сум бунтовник и токму поради тоа се разликувам. Кога ќе почувствуваш дека припаѓаш некаде тогаш даваш повеќе и повеќе од себе. Не знам дали ќе победиме на крајот, но ќе направиме се за да успееме. А како тренер среќен сум што проектот трае долго“, рече меѓу другото италијанскиот стратег.