Ретко се случува тим кој што станал шампион во домашното првенство, да испадне од лигата веќе следната сезона. Ретки се тие моменти, но сепак, ги има. Особено сега кога клубовите се соочуваат и со финансиска криза со пандемијата на коронавирус.

Таков е случајот со Словенија. Лани Целје стана првак, меѓутоа иако сега е во „безбедната зона“, сепак, се поблиску од испаѓање, отколку до одбрана на трофејот или до излез во Европа.

Целје го смени и тренерот, го назначи легендата на чешкиот фудбал Јири Јарошик (екс фудбалер на ЦСКА Москва и на Челзи), но и натаму не му цветаат рози. Со денешниот пораз од Табор Сезана, тимот сега е трет одоздола, и се бори за својот опстанок, иако лани славјето беше огромно по првата шампионска титула во историјата на клубот.